Стручно предавање: „Можна примена на урбаната консолидација (Land readjustment), како инструмент за урбанистичко уредување на населени места во земјите на Југоисточна Европа”
Во рамките на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Комората на трговски друштва за геодетски работи на 07.03.2024 година (четврток) со почеток во 11 часот, во просториите на Комората ОАИ ќе се одржи заедничкото стручно предавање, кое е наменето за сите геодетски инженери, архитекти и урбанисти.
Предавањата ќе ги спроведат:
За геодетскиот аспект – Проф. Д-р Младен Шошкиќ, Вонреден професор на Градежниот факулет во Белград
За архитектонски – урабнистичкиот аспект – Г-ѓа Тања Обрадовиќ, дипл.инж.арх. – Началник на урбанистичката инспекција, при Министерството за Градежништво во Република Србија и поранешен главен градски архитект на градот Ниш.
АГЕНДА
11:00 – 11:30 Регистрација
11:30 – 11:45 Отварање на предавањето и поздравни обраќања
11:45 – 12:30 1 дел на предавањето со прашања и дискусија
12:30 – 13:00 Кафе пауза
13:00 – 13:45 2 дел на предвањето со прашања и дискусија
Информации за настанот:
Дата и час: 7. март 2024. година, во 11 часот
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
Број на слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА