Насловна / Вести / Во Колумбија со зелени коридори се борат против високите температури

Во Колумбија со зелени коридори се борат против високите температури

Градот Меделин, како и другите големи градови, се соочува со растечки температури предизвикани од загревањето на бетонот и асфалтот, кои ја апсорбираат топлината на сонцето и потоа го зрачат, одржувајќи го градот топол дури и кога сонцето заоѓа.

Поради оваа причина, градот Меделин усвои стратегија заснована врз природни решенија, кои според Меѓународната унија за зачувување на природата се карактеризираат како „активности што ги штитат и обновуваат природните екосистеми, адресирајќи ги општествените предизвици на ефикасен и прилагодлив начин“.

Градските власти ја спроведоа својата стратегија со претворање на 18 градски улици и 12 канали во зелени коридори во делови од градот што ги намалија зелените места.

kolumbija

“Со оваа интервенција успеавме да ја намалиме температурата во градот за повеќе од два степени и граѓаните веќе ја чувствуваат разликата. Проектот „Зелени коридори“ е одличен пример за тоа како општеството, планерите и градските власти можат да се потпрат на природата за да развијат паметен урбанистички проект “, рече Хуан Бело, директор на Канцеларијата за животна средина на ООН во Колумбија.

Вакви и слични проекти се почнати низ целиот свет. Милано планира да засади три милиони дрвја до 2050 година.

Друго решение може да бидат зелените кровови. Постојат индикации дека градовите како Атина можат да ја намалат потребата за вештачко ладење за дури 65 отсто благодарение на зелените покриви.

Крајната цел е да се намали ефектот на островот на топлина и да се подобри квалитетот на воздухот, што е дел од Парискиот договор, така што градовите навистина ќе треба да имплементираат вакви или слични решенија.

kolumbija1

Ако продолжиме со ова темпо, се проценува дека до 2050 година, потребата од вештачко ладење би се зголемила за 90 отсто и за околу 30 години ладилните единици би трошеле иста количина на енергија потребна за сите тековни сектори и човечки активности во Кина и Индија.

Паметното урбанистичко планирање може да игра клучна улога во оваа борба. Примената на природни решенија за ладење и намалување на потребата од дополнително активно ладење може значително да ја промени иднината на нашата планета.

Испрати коментар

Scroll To Top