Во Кочани легализирани се 2559 дивоградби, во постапка се 254, до сега одбиени се 29 барања за легализација, а кај 94 објекти постапката е прекината. Во Виница бројот на легализирани дивоградби е само 700, што е близу третина од барањата за легализација.
Објектите кои нема да бидат легализирани до крајот на оваа година, после овој рок ќе бидат предмет на работа на општинскиот градежен инспекторат.