Насловна / Вести / Во Кисела Вода решени 2.917 предмети за легализација на дивоградби

Во Кисела Вода решени 2.917 предмети за легализација на дивоградби

legalizacija kisela voda

Во Општина Кисела Вода денеска беа доделени нови решенија за легализација на дивоградби, со што бројот на решени предмети достигна 2.917. Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ ја потенцираше важноста на процесот на легализација и бенефитот што и граѓаните и општината ќе го имаат од него.
„Со новите детални урбанистички планови, кои на овој начин ќе можат да бидат донесени, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.

Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина“, истакна Беличанец Алексиќ.
Во општината, информира, има 3.872 поднесени предмети за кои недостасува геодетски елаборат. Со владина одлука рокот за доставување на документите е продолжен до крајот на следната година, но пожелно е да не се чека до последен момент и да и се овозможи на општинската администрација да работи на решавање на предметите, што е можно само со комплетна документација, наведе градоначалничката на Општина Кисела Вода.

Испрати коментар

Scroll To Top