Во општина Кисела Вода во тек е акција за реконструкција на тротоарите на сервисните улици. Екипи на фирмата „Пелагонија А.Д. Гостивар“, која го доби тендерот за изградба и реконструкција на патеки, тротоари, скверови, паркинзи и улици со павер-елементи, во моментов работат на обнова на тротоарите на улицата „Франк Харкорт Манинг” во населбата Кисела Вода.
Станува збор за фреквентна улица која се протега на потегот меѓу улиците „Христо Татарчев” и „Ѓорѓи Димитров”, која секојдневно ја користат голем број жители на населбата и општината Кисела Вода.
Проектот е вреден околу 1.900.000 денари и доколку временските услови дозволат, се очекува да биде завршен до крајот на месецов.