Еве што се случува кога ќе ангажирате архитект кој пораснал со Дарт Вејдер и Лук Скајвокер.
Архитектонската фирма Kyriakos Tsolakis Architects неодамна доби дозвола за изведување на проект опсерваторија наречен Troodos. Таа ќе биде изградена на надморска височина од 1200 метри над морското ниво во паркот со исто име. Овој парк, кој ги опфаќа шумите, овоштарниците и лозовите насади, е под заштита на УНЕСКО и се протега на површина од 115 хектари.
„Јас сум голем фан на филмовите Star Wars уште од детството, и тие значително влијаеле на дизајнот на опсерваторијата”, вели архитект Никодемос Цолакис.
Основачите на студиото Никодемос и Елена Цолакис, ја опишале опсерваторијата како „странски објект во мошне природната средина“ и нагласиле дека тие се надеваат дека ќе го инспирира секој кој гледа од далечина или од долу, пишува Dezeеn.
Всушност, опсерваторијата изгледа како писта за слетување на вселенски бродови од филмот Star Wars.
„Елена и јас бевме инспирирани од научно фантастичните филмови кога ги правевме плановите за опсерваторијата, со оглед дека јас сум голем фан на Star Wars уште од детството. Се разбира, клиентот не го знаеше тој факт, кога тој не најми. Беа многу изненадени од тоа каде не водеше нашиот дизајн, но нашата идеја навистина им се допадна“, рече Никодемос Цолакис.
Troodos Observatory ќе биде првата наменска опсерваторија на Кипар. Овој остров во Средоземното Море е совршено место за изградба на објект за оваа цел, а ќе биде поврзан со опсерваторијата на островот Крит, како и со другите европски опсерватории, како дел од астрономско-истражувачката мрежа.
Со изградбата на овој астрономски истражувачки центар, НАСА ќе има корист затоа што ќе добие информации за небесните случувања помеѓу Медитеранот и Индија, која во моментов не може да ги следи.
Објектот ќе има форма со конзолно поставена тераса и со куполест покрив од една страна.
Опсерваторијата ќе има два телескопи, еден за преку ден и друг за ноќно набљудување на небото, а посетителите ќе бидат поканети да се чувствуваат слободни и да си донесат свои телескопи со кои на покривната тераса ќе можат заедно да ги гледаат случувањата на небото.