Насловна / Вести / Во Кинотека три изложби, меѓу кои и Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михаиловиќ

Во Кинотека три изложби, меѓу кои и Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михаиловиќ

Од денеска до 6 ноември, во просториите на Кинотека на Република Северна Македонија ќе бидат поставени три изложби: „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во Скопје 1963-1964г.“ од проф. д-р Марјан Димитријевски; „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михаиловиќ-Јуруковски“ од проф. д-р Лидија Ѓурковска и „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од проф. д-р Габриела Топузовска.

1_resize

Низ фотографии, легенди и текст изложбата „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михаиловиќ-Јуруковски“ зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и најзначајниот градоначалник, Јософ Михаиловиќ кој и самиот е автор на познати објекти, зградата на Црвениот крст во Скопје (1930), сопствената индивидуална куќа во Скопје (1939), денес Амбасада на Република Албанија; Фабриката за текстил во Скопје (1939).

3_resize

Развитокот на здравството во повоена Македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“, посветена на  здравството, здравствените институции и здравствените  прилики, развитокот на здравството во тоа време.

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top