Селото Зонгдонг во провинцијата Гинзу во Кина е населено во пештера, на 1.800 метри надморска височина. Со цел да се подобри животот на селаните постарите лобираат кај локалните власти за изградба на пат од пештерата до постоечката инфраструктура.
На 1.800 метри надморска височина, до пештерата можете да дојдете со еден час пешачење, а нејзините мештани целосно се одвоени од остатокот од цивилизацијата.
Во 2011 година, единственото училиште на ова мало карпесто селце било затворено, па учениците секој ден патуваат по два часа наутро и навечер за да дојдат до најблиското училиште.
Со цел да се подобри живеалиштето на селаните, старешините се обидуваат да се изборат за изградба на патишта кои ќе ја поврзат пештерата со инфраструктурата која веќе постои.