Насловна / Архитектура / Во Кина зграда во облик на вселенски брод „Ентерпрајз“ од „Ѕвездени патеки“

Во Кина зграда во облик на вселенски брод „Ентерпрајз“ од „Ѕвездени патеки“

Во минатото, бројни споменици и згради изградени во Кина биле директни копии на оние во Европа. Лондонскиот мост Тауер, парискиот лак на Триумфалната порта, Сиднејската опера па дури и Ајфеловата кула се пресоздадени во земјата. Заради тоа, кинеската Влада издаде декрет со кој „строго се забранува“ плагијат на згради и поголеми од 250 метри како и строго се ограничува изградбата на облакодери над 500 метри.

pateki-zgrada1

Минатата, беше рекордна година за изградба на супероблакодери високи и над 300 метри, како што е финансискиот центар Тијанџин (530 метри). Во Кина лани беа завршени 57 згради високи над 200 метри. Тоа веќе станува минато, а новата политика исто така нагласува дека новите облакодери треба да се фокусираат на заштита од пожар, отпорност на земјотрес и заштеда на енергија.

Благодарение на кинескиот ентузијазам, многу чудни градби станаа дел од оваа рубрика во Порта 3. Кина е растечка економија, пари има, а со самото тоа, веќе кажавме дека имаат голема мотивација да покажат дека се уникатни и дека можат. Без оглед на тоа дали некоја градба ќе се оквалификува како добра или лоша, важно е да ја има.

pateki-zgrada3

Кинески извршен директор Лиу Деџијан, кој седи во бордот на „Баиду“ изгради канцеларија што му оддава верно почит на УСС Ентерпрајз од филсмкиот серијал на „Стар Трек.“ (Ѕвездени патеки). Зградата, која е изградена од овој 43-годишен основач на „NetDragon Websoft“, ќе обезбеди канцелариски простор за кинескиот развивач на игри „Волстрит журнал“ и чинеше 97 милиони долари.

Објектот е изграден во крајбрежниот град Чангле, во кинеската провинција Фуџијан, завршен на крајот на минатата година. Инаку, започнал да се гради во октомври 2018 година. Фирмата, во 2014 година контактирала со Си-Би-Ес, носител на правата на шоуто „Ѕвездени патеки“, за да добие дозвола за изградба на канцеларијата. Кога се јавиле во седиштето на компанијата, многумина мислеле дека некој се шегува, но малку требало за да разберат дека нема место за шега и дека вселенскиот брод од ѕвездената флота на познатиот филмски бренд ќе стане и зграда.

Структурата изгледа особено убедливо од воздух, како што може да се види и на Гугл мапс. Од птичја перспектива, објектот навистина наликува на познатиот вселенски брод и буквално како да се наоѓа на некое вселенско пристаниште. За овој објект своевремено пишувал и познатиот неделник „Тајмс“.

pateki-zgrada4

Внатрешноста има други елементи инспирирани од „Ѕвездени патеки“, вклучувајќи автоматски лизгачки порти (врати) помеѓу различните работни области. На третиот кат има и метални слајдови кои овозможуваат брз пристап до нивото на земјата.

И претходно имаше обиди да се изгради реплика на USS Enterprise. Во 1992 година, фирмата за дизајнирање забавни простории со седиште во Лос Анџелес, Годард Груп, објави дека планира да лансира огромен модел на вселенскиот брод, но проектот пропадна. Репликата од 150 милиони долари требаше да виси во центарот на Лас Вегас и ќе станеше „најголемата атракција на светот“ и „Осмото чудо на светот“.

-„На бродот требаше да ги има „сите клучни простории, комори, палуби и ходници што ги знаевме од филмот“, како и „брз патник што ќе ве води од палуба до палуба“,вели Гери Годард, претседател и извршен директор на групата на веб-страницата на компанијата.

За негова несреќа, Кинезите успеаја да ја реализираат идејата и да ги победат во оваа намера.

Минатата година беше објавено дека еден опседнат љубител на „Ѕвездени патеки“ во неговиот подрум изградил брод со копија вреден 300.000 фунти. Ентони Сфорца (48) собирал акциони фигури во осумдесеттите години. Тој поминал три години и потрошил повеќе од 1.500 работни часови, пресоздавајќи ја внатрешноста на иконскиот брод Ентерпрајз во неговиот дом во Лонг Ајленд.

Испрати коментар

Scroll To Top