Насловна / Вести / Во Кина пуштена е во погон првата светска хибридна електрана на море со пловечки фотонапонски панели

Во Кина пуштена е во погон првата светска хибридна електрана на море со пловечки фотонапонски панели

Кинеската државна компанија State Power Investment Corporation (SPIC) ја пушти во работа првата комерцијална пловечка соларна електрана на море. Електраната е проектирана од страна на норвешката компанија Ocean Sun, која ја развила и патентирала технологијата. Таа постројка исто така е прва пловечка соларна електрана интегрирана со ветерна електрана на море. Водата ги лади панелите кај ваквите електрани, што одговара за нивните перформанси, а досега вакви системи се поставувани само на езера.

oceansun1

 

Сепак, ризикот од екстремни временски услови врз пловечките соларни панели сеуште се проучува. Норвешкиот Statkraft и Ocean Sun, минатата година во Албанија ја инсталираа првата фаза од една таква постројка, но за неколку дена еден сегмент беше потопен поради екстремни временски услови. За кратко време е повторно вратен во погон. Италијанските компании развиваат неколку проекти за Јадранското море каде би се комбинирале ветерни и фотонапонски електрани.

oceansun2

Испрати коментар

Scroll To Top