Кулата за прочистување на воздухот изградена во Кина со височина од 100 метри, се верува дека е најголем објект од овој вид во светот и дека на локално ниво ќе може сериозно да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот. Според истражувачите од Институтот за животната средина на Земјата при Кинеската Академија на науките, кулата успеала да продуцира повеќе од 10 милиони кубни метри чист воздух на ден, откако била пуштена во пробна работа пред неколку месеци. Во обсервираната градска област со површина од 10 квадратни километри, нивото на смог било редуцирано до умерени граници дури и во деновите со сериозно загадување.
За да се исчисти, загадениот воздух се повлекува низ серија од стакленици кои ја опкружуваат основата н кулата и се загреваат со соларна енергија. Потоа, вака загреаниот воздух се крева нагоре низ кулата преку повеќекратни филтри пред да се врати во атмосферата. Овој метод овозможува прочистување на воздухот со користење на минимални количества на електрична енергија, која од друга страна пак во Кина главно се генерира во постројки кои согоруваат јаглен.