Бројот на возилата кои користат нови извори на енергија во Кина достигна 1,01 милион, соопшти кинеското Министерство за јавна безбедност. Од вкупниот број на возила кои користат нови извори на енергија, 825.000 се електрични возила, а 193.000 се хибридни возила, наведено е во соопштение, а пренесе агенцијата Синхуа.