Во Кина е тестиран автобусот Тransit Elevated Bus (TEB), чија конструкција овозможува под него да поминува друго превозно возило.
Тестирањето на возилото од иднината се одржало во градот Qinhuangdao во провинцијата Хебеи.
Должината на автобусот е 22 метри, ширината 7,8 метри, а висината 4,8, додека истиот може да прими 1.200 патници. Автобусот е конструиран така да може да се движи на две поткрепи на краевите, за кои на патот се поставени специјални шини.
Ширината на автобусот ќе овозможи под него да поминуваат две линии друмски сообраќај, со што нема да се создава гужва на патиштата.
ТЕB го имаше првото пробно возење на стаза долга 300 метри. Во него немало патници, а слабата брзина ги разочарала присутните гледачи во градот на северот од Кина.
Во завршната фаза, ТЕB би требало повеќе да личи на трамвај, отколку на автобус, затоа што се планирани три или четири такви возила во една композиција.