Насловна / Вести / Во Кина е развиена најмоќната копнена ветерна турбина

Во Кина е развиена најмоќната копнена ветерна турбина

Кинескиот производител Mingyang Smart Energy ја лансираше најмоќната копнена ветерна турбина на светот. Новата турбина MySE 8.5-216 има капацитет од 8,5 MW и дијаметар на роторот од 216 метри. Може да произведе 200.000 kWh електрична енергија на ден. Mingyang истакнува дека трошоците за изградба и потенцијалот за заштеда на оваа турбина е 10% поголем од моделот од 6 MW. Една просечна копнена ветерна турбина има капацитет од 2,5 до 3 MW, додека просекот кај offshore ветерните турбини е повисок и изнесува 3,6 MW.

onshore1

И MySE 8.5-216 и неодамна лансираниот MySE 7.15-216 модел, се посебно проектирани и оптимирани за користење во пустинските опкружувања со песок и со екстремни временски услови. Со цел да се обезбеди доверливост и прилагодливост на турбината, клучните компоненти како погонскиот склоп, лопатките со високи перформанси и сл., ќе бидат детално тестирани и во фабриката и во постројки на трети страни.

onshore2

Испрати коментар

Scroll To Top