На социјалните мрежи објавени се фотографии кои сведочат за голема неодговорност од страна на надлежните на катната гаража „Кресненско востание“.
Во гаражата на две нивоа која е веднаш до НУ „Национална опера и балет ’’, лифт е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.
За среќа, и покрај овој пропуст, до овој момент не се случила поголема несреќа.