Калифорнија е прва држава во САД која бара сите куќи кои ќе се градат од 2020 година да мора да имаат и напојување со енергија од соларни извори.
Таа одлука е донесена од Комисијата за стандарди на згради, а е одобрена и од Комисијата за енергетика за да се исполни целта од пред една деценија да се премине на чиста енергија.
“Овие одредби се навистина историски и ќе бидат сигнал за сите останати. Тоа е почеток на подобрување во начинот на производство на енергија и намалување на потрошувачката на фосилни горива“, вели Кент Саски, инженер за конструкции и еден од шесте комесари за стандарди.
Комисијата пред да ја донесе одлуката добила 300 писма од противниците на оваа обврска кои се повикуваат на зголемената потрошувачка.
Властите процениле дека оваа одлука ќе додаде 10 илјади долари во трошокот за изградба на една семејна куќа од кои 8.400 долари од додавање на соларните колектори и околу 1.500 долари за покачување на енергетската ефикасност.
Меѓутоа тие расходи би биле компензирани со пониски сметки за комуналии во текот на 30-годишниот животен век на соларните панели.
Сопствениците на куќите ќе имаат две опции кои однапред ги елиминираат расходите за додаванје уреди за користење на соларна енергија: извајмување на соларни панели или потпишување на договор за купување на струја од соларна енергија без купување на соларни панели.
Еден претставник на соларна индустрија вели дека нето заштедата на соларна енергија ќе биде околу 45 долари месечно или скоро 500 долари годишно.