Насловна / Вести / Во какви автобуси се возеле фудбалерите на Светското првенство во 1974?

Во какви автобуси се возеле фудбалерите на Светското првенство во 1974?

Во 1974 година, Светското првенство во фудбал, од 13-ти јуни до 7-ми јули се одржувало во тогашна Западна Германија (Западен Берлин). Дека тоа биле сосема поинакви времиња, сведочат и автобусите кои пред речиси половина век ги возеле фудбалерите на натпреварите. На првенството учествувале 16 репрезентации, а секоја имала свој личен автобус. Станува збор за Mercedes O 302, автобус офарбан во боите на секоја од репрезентациите и со истакната маскота на првенството.

1974bus1

SONY DSC

 

Автобусот на германската репрезентација подоцна добил веродостојна реплика која има посебно место во музејот на Mercedes. Овој експонат е секогаш достапен за разгледување, а посетителите можат да ги видат најдобрите услови на комфор од тоа време. Возачот имал специјално удобно седиште со амортизација, можел да се лади со вентилатор, а од десно седел тогашниот селектор Хелмут Шен, а понекогаш и капитенот Франц Бекенбауер.

1974bus3

1974bus4

Аудио системот на Blaupunkt имал вграден касетофон, а веројатно најчесто се слушала тогашната химна Fußball ist unser Leben. Mercedes О 302, се произведувал од 1965 година, и бил синоним за комфор и сигурност, а од 1970 година се нудел и со клима уред.  Ентериерот на сите автобуси бил идентичен, со климатизација и навистина необични детали – пепелник на секое седиште и апарат за точење пиво.

 

Испрати коментар

Scroll To Top