Се проценува дека во земјите од Југоисточна Европа над 30% од домаќинствата се енергетски сиромашни. Регионалните разлики играат значајна улога во карактеристиките на енергетската сиромаштија. Ова е истакнато на конференцијата „Енергетската сиромаштија во Југоисточна Европа“ која неодамна е одржана во Европскиот парламент во Брисел.
Конференцијата собра над 60 претставници на институции и организации кои се занимаваат со енергетски и социјални прашања – застапници на Европскиот парламент, научници, стручњаци и претставници на граѓанското општество. Во последните три месеци Европскиот парламент усвои две резолуции во кои ги повикува државите членки на Европската комисија да пристапат на одржлив начин кон решавање на проблемот, преку усогласување на дефинициите за енергетска сиромаштија, измени на Директивата за енергетска ефикасност и Директивата за обновливи извори на енергија, како и преку спроведување на Акциониот план на Енергетската Унија.