Насловна / Вести / Во јавниот сектор во Ирска забрането користење електрични уреди

Во јавниот сектор во Ирска забрането користење електрични уреди

На вработените во јавниот сектор во Ирска, најголемиот работодавач во земјата, од следната недела ќе им биде забрането да ги користат своите електрични уреди, за нивното однесување да даде пример, бидејќи владата ги охрабрува луѓето да ја намалат потрошувачката на електрична енергија. Оваа забрана се однесува на преносни греалки, чајници, апарати за кафе и фрижидери и е дел од кампањата „Намали ја употребата!“.

01

Целта е потрошувачката на струја во јавниот сектор да се намали за 5 до 10 отсто, а од инвеститорите се бара зградите да зафаќаат што помал простор, да се исклучи греењето барем еден час пред да престане да работи и намалување на потрошувачката во ударните термини.

Испрати коментар

Scroll To Top