На северот од Велика Британија ќе се гради најголемата европска пловечка фотоволтаична централа, проект на водостопанската компанија United Utilities. Се работи за централа со моќност од 3 MW која се состои од 12.000 фотоволтаични панели распослани на 45.000 квадратни метри површина на резервоар за вода Godley во близина на Manchester. Централата ќе покрие 33% од потребите на компанијата од електрична енергија и ќе служи како заштитна брана од високите цени на електричната енергија. Во Британија постои таква пловечка електрана, но со моќност од само 4 kW. Но, таа не е единствената пловечка електрана во светот. Слични системи веќе се направени во Кина, Индија и Јапонија.