Непознати лица во една винарска визба во северна Италија уништиле неколку стотици тони врвно пенливо вино, што е еквивалент на 400 илјади шишиња, пишуваат медиумите.
Инцидентот се случил во семејната винарска визба Conte Vistarino во регионот Ломбардија. Засега непознатите злонамерници провалиле во визбата преку ноќ и ги испразниле резервоарите со пенливо вино од сортите ризлинг, шардоне и пино гриџо и други сорти бело вино од бербата 2016-та.
Се проценува дека штетата од злоделото на „винските вандали“ изнесува околу половина милион евра. Притоа се наведува дека тие не направиле никаква друга штета и ништо не украле.
„Тоа беше неверојатен шок…“, го коментирала за британски The Telegraph Отавија Џорџи ди Вистарино 40-годишната грофица која управува со оваа со векови стара винарија. „Бевме потресени, но тоа нема да не откаже. Ќе треба одново да ги засукаме ракавите и да се вратиме на работата“, додава,
Италијанската полиција поведе истрага за инцидентот. Сопственикот на винскиот подрум изјавил дека не добивал закани и не може да замисли кој би можел да стои зад ова недело.