Како што наведуваат италијанските медиуми, ако имате околу два милиони евра, можете да купите манастир или замок, каде владее мир и тишина.
Во Италија има многу замоци и манастири, многу од нив датираат уште од средниот век и се најдоа на пазарот на недвижности. Некои од нив чинат и помалку од купување стан.
„Историските градби со религиозна позадина и структура имаат огромен потенцијал и се привлечни за странците кои сакаат да го живеат духовниот живот на Италија“, вели Рикардо Ромолини од агенцијата Romolini Immobiliare.
Тој посочува дека многу манастири се на продажба бидејќи со текот на времето богатите семејства без наследници ги донирале овие имоти на месните цркви, кои подоцна ги распуштале имотите и ги продавале на приватни лица. Понекогаш и верските редови ги ставаат на продажба поради скапото одржување.