Доколку одите во Италија, а имате теренец или автомобил со погон на четири тркала, може да се случи да бидете мета на т.н „еко вандали“. Имено, радикалните еколози започнаа со нови акции против оние кои според нивното мислење ја загадуваат Планетата, а тоа се сопствениците на големи автомобили. Нивните акции подразбираат издишување на пневматиците на возилата. „Оперираат“ главно во големите градови, особено во Торино и Милано. На ветробранското стакло оставаат порака: „Знаеме дека ќе се налутиш. Ние не сме лути на тебе туку на твојот автомобил.
Ова го правиме бидејќи е важно сите да сфатат дека користењето на вакво возило е нешто што остава големи последици на животната средина и на сите нас“ Само гумата е издишана. Не сме направиле никаква друга штета. Знаеме дека многу работиш за себеси да си дозволиш еден ваков автомобил, но големите корпорации се тие кои те тераат да мислиш дека имаш потреба од таков автомобил, кој всушност воопшто не ти треба“. Само во Торино, за многу кратко време биле издишани 70 гуми.