Насловна / Вести / Во Истанбул се гради најголемиот аеродром во светот

Во Истанбул се гради најголемиот аеродром во светот

Во Истанбул, Турција, се гради третиот аеродром по ред којшто треба да биде најголемиот аеродром на светот. Во моментов на тој мега-проект работат речиси 13 илјади работници од 15 држави во светот.

Првиот дел од аеродромот ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно. Во претстојниот период на изградба на аеродромот ќе работат и до 30 илјади лица.istanbulski aerodrom

Станува збор за проект вреден 10,250 милијарди евра и аеродром кој по својот обем и содржина ќе биде мал град и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.

Ќе има паркинг простор за 500 авиони и 70 илјади возила, шест писти и 12 терминали за такси. Ќе се простира на 76,5 милиони метри квадратен простор.istanbulski aerodrom (2)

Локалните власти и изведувачи посебна грижа водат и за заштита на околината, па секое преносливо дрво го пресадуваат на друга локација во Истанбул, а најавено е и засадување по пет садници за секое старо стрбло што ќе биде исечено. Секое исечено дрво се заведува во евиденција и поради тоа е најавено засадување на повеќе од 10 милиони садници на различни локалитети во Турција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top