Насловна / Вести / Во Истанбул се гради најдолгиот подводен тунел на светот

Во Истанбул се гради најдолгиот подводен тунел на светот

Новиот инженерски потфат во Истанбул, тунелот под Босфор, планиран е да прими 1,3 милиони патници секој ден, почнувајќи од 2028 година. Овој тунел со должина од 6.5km ќе ги спојува Европа и Азија, а се истакнува и дека ќе биде најдолгиот подводен тунел на светот. Министерот за сообраќај и инфраструктура на Турција, одржал презентација на 10-ти мај, и ги открил деталите за овој амбициозен проект. Големиот Истанбулски тунел ќе биде создаден од три нивоа, од кои две ќе бидат наменети за патен сообраќај, а еден за железнички. Тунелот ќе биде длабоко поставен, 110 метри под површината на морето, а ќе има пречник од 19m.

great1

Се планира тунелот да ги поврзува трите истанбулски аеродроми – Ататурк, Сабиха Гокчен и Истанбул, како и деветте линии на истанбулската метро мрежа. Тунелот ќе има 13 железнички станици со можност да превезе 70.000 патници на час во еден правец. Дополнително, ќе биде поврзан со 11 други железнички линии, што ќе ја подобри ефикасноста на Metrobus – от, клучниот дел од сообраќајната мрежа во Истанбул. На презентацијата министерот истакнал дека патувањето со железница преку Босфор ќе трае околу 40 минути, и истакнал дека бројот на преминувања преку Босфор во иднина ќе достигне 3 милиони дневно.

great2

Овој извонреден инженерски потфат е всушност трет тунелски премин на Босфорот, после изградбата на железничкиот тунел од 3.5km и патниот тунел Eurasia, долг 5.4km.

EURASIA TUNNEL PROJECT

Еден коментар

  1. Велимир

    А колку е долг тунелот под Ла Манш?

Испрати коментар

Scroll To Top