Во Истанбул денеска беше отворен тунелот за автомобили Евроазија, што ги поврзува европскиот и азискиот дел од градот.
Тунелот под Босфор денеска беше отворен од високи државни претставници. Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека одлуката да не се одлага церемонијата за отворање на тунелот е „одговор за теророт“.
Тунелот е со должина од 5,4 километри и изграден со цел да биде олеснето движењето на автомобилите во Истанбул. Се очекува 120 илјади превозни средства на ден да го користат тунелот.