Во Истанбул на 28 април се одржа конференцијата „Регионален дијалог на ЕУ, државите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ за Национално утврдените можности за намалување на емисијата на стакленички гасови според Рамковната конвенција на ОН за климатските промени – INDCs“. Земјите учеснички ги презентираа своите нацинални енергетски политики со акцент на мерките за намалување на емисиите, како и системите и програмите за мониторинг на емисиите на стакленички гасови.
Државите што учествуваа на оваа конференција можат да ги достават своите INDCs (Intended national determined contributions) до октомври годинава како би се нашле во завршниот документ за COP 21 што ќе се одржи кон крајот на годината во Париз.