Насловна / Вести / Во Ирска се градат мостови од лопатките на ветерните турбини

Во Ирска се градат мостови од лопатките на ветерните турбини

Минатата година, данската компанија Re-Wind Network привлече внимание со рециклирањето на лопатките од ветерни турбини и нивното користење за изградба на засолништа за велосипеди, а сега старите лопатки добиваат нова намена во Ирска.

ireland1

ireland2

ireland3

Ветерните електрани во Ирска се најголемиот извор на обновлива енергија, а во 2020 година тие обезбедиле повеќе од 86% од вкупната енергија од обновливи извори, и задоволиле импресивни 36% од вкупните потреби од енергија. Меѓутоа, со оглед дека се работи за материјал кој не е лесно разградлив, и имајќи го предвид фактот дека животниот век на овие електрани е помеѓу 20 и 25 години, Ирска пронашла уште една намена за дотраените лопатки, па одлучиле да градат мостови. Организацијата  Re-Wind Network стои зад изградбата на мостови од турбински лопатки, а еден е веќе успешно завршен во  County Cork на крајот на минатиот месец. Станува збор за досега втор ваков мост во светот, бидејќи првиот е веќе направен во Полска во октомври минатата година.

ireland3a

ireland4

Овој начин на искористување на лопатките е добредојден бидејќи се занимава со проблемот кој со текот на времето постојано ќе се влошува. Имено, кога ветерниците ќе дојдат до крајот на својот работен век, нивните лопатки ќе завршат на депониите. Затоа повеќе од потребни се алтернативни решенија, со цел нивна реупотреба секаде каде се вклопуваат во бараните стандарди.

 

Испрати коментар

Scroll To Top