Насловна / Вести / Во индустријата најголеми трошоците за заштита на животната средина

Во индустријата најголеми трошоците за заштита на животната средина

filter-stanica-makstil-29-10-2014_0071

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина во 2014 година, најмногу, 4.895.501 илијади денари или 73,9 отсто, се направени во индустријата и специјализираните производители. Од нив, како што соопшти Државниот завод за статистика, 31,5 проценти се наменети за инвестиции, а 68,5 отсто се за одржување на средствата.

Трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесувале 6.622.042.000 денари, а нивното учество во БДП било 1,3 отсто.

Најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25,2 отсто), за постапување со отпад (17,7) и за управување со отпадни води (16 проценти). Учеството на трошоците за заштита на воздухот било 12, 8 отсто.

###

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top