Насловна / Вести / Во Индонезија за една деценија уништени 38 отсто од прашумите

Во Индонезија за една деценија уништени 38 отсто од прашумите

Indonesi sumi pozar
Според најновата студија за состојбата на шумите, од 2000 до 2012 година се уништени 38 отсто од шумите во индонезискиот архипелаг. Пренесувајќи ја оваа вест, денешниот „Џакарта пост“ потсетува дека од 2011 година до сега има три претседателски декрети за запирање на уништувањето на прашумите, но дека ефекти во запирањето нема.

Во 2011 година со декрет на претседателот Сусило Бамбанг за посебно заштитено природно богатство биле прогласени 72 милиони хектари шуми и за нив бил прогласен мораториум за експлоатација. Меѓутоа, само во периодот од мај до декември истата година биле уништени 2,7 милиони хектари од шумите во овие подрачја.

Уништувањето на шумите во Индонезија е последица на користењето на дрвото во локалната индустрија и за извоз, а не мал дел од прашумите се уништени од пожари, најчесто подметнати намерно, за да се добие земјиште за индустриски плантажи. Тоа, според стручњаците, го пореметува биодиверзитетот, а ја става Индонезија на листата на најголемите предизвикувачи на ефектите на „стаклена градина“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top