Насловна / Вести / Во индиската држава Sikkim шишиња од бамбус за несовесни туристи

Во индиската држава Sikkim шишиња од бамбус за несовесни туристи

Државата Sikkim во Индија,  прави шишиња за вода од бамбус за повеќекратна употреба со цел да ги охрабри туристите да престанат со фрлање ѓубре.

Индиската држава Sikkim неодамна објави дека може да стане првата 100 отсто сертифицирана органска држава во светот.

4_resize

Исто така оваа држава прва во Индија забранила употреба на пластични шишиња за вода и останата пластика за еднократна употреба, уште пред 20 години.

Како што растела популарноста на Sikkim, како еко-туристичка дестинација, така се зголемувал и бројот на пластични шишиња со вода кои ги оставале туристите.

2_resize

Овој хималајски рај за да остане недопрен, државата бара од туристите да ги остават своите пластични шишиња на граница и да ги заменат со шишиња за повеќекратна употреба кои се достапни во продавниците.

3_resize

Опциите за повеќекратна употреба сега вклучуваат и шишиња за вода од бамбус, кои се произведени од локален жител. Цената на овој производ е помеѓу три и пет американски долари, шишињата се биоразградливи во случај да се фрлат или изгубат.

Шишињата се затвараат со плута, прицврстена на капаче од бамбус.

5_resize

Градот Lachen, кој се наоѓа на надморска висина од 2,750 метри, купил 1000 шишиња кои се употребиле на годишниот тибетански новогодишен фестивал одржан во февруари.

6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top