Станарите на згради во индискиот град Керала, гледале како домовите им исчезнуваат пред очи, бидејќи судот наредил нивно уривање, поради кршење на еколошки прописи поврзани со со подрачјата покрај брегот.
Властите на југот на Индија срушиле три луксузни згради, кои се наоѓаат на брег на езеро, бидејќи не ги почитувале прописите за животната средина. Прво е срушен комплексот H2O Holy Faith кој имал 19 ката и 90 стана. За само неколку секунди зградата е срамнета со земја во контролирана експлозија. Потоа се срушени и двете кули Alfa Serene.
Станарите на срушените објекти изјавиле дека е премногу болно да се гледа како им се рушат домовите пред очи, а за настанатата ситуација велат дека тие не се криви туку некој друг, пишува ВВС.
Органот за управување со зоните на бреговите на Керала (KCZMA) формиран со цел да спречи деградација на брегот и морското подрачје, дошол до сознание дека дозволата за градба за зградите ја дале локалните власти, без нивно одобрување. KCZMA соопштиле дека локацијата каде се наоѓал станбениот комплекс е подрачје во рамки на кое не е дозволено градење.
Во овие станбени објекти многу банкари, директори и богати пензионери нашле свој дом. Цената на луксузните станови била висока и имала тренд на растење. Според изјава на еден станар кој во 2006. година купил стан за 70.000 долари, цената во меѓувреме вртоглаво пораснала, па така минатата година еден негов сосед го продал станот за 176.000 долари.
Голема загуба за животната средина
Меѓута во мај минатата година, Врховниот суд донел одлука и наложил уривање на зградите, оценувајќи дека се нарушени градежните прописи. Заклучено е дека станува збор за нелегална градба, која претставува „голема загуба за животната средина“. Судот се осврнал и на поплавите во Керала од 2018. година, наведувајќи дека биле последица на деградирање на животната средина и нелегално завземање на подрачјата на брегот.
Некои станари по објава на пресудата одбивале да ги напуштат своите домови, но исклучени им биле водата и струјата, не отсвајќи им друг избор освен да си отидат. Владата наредила на „оштетените“ станари да им се исплати привремена оштета во износ од 35.000 долари.