Насловна / Архитектура / Во Индија се гради потполно нов одржлив зелен град Амаравати

Во Индија се гради потполно нов одржлив зелен град Амаравати

Големото британско проектантско биро Foster + Partners го претстави мастер планот за потполно нов еколошки одржлив град во Индија.
Се работи за Амаравати градот кој е во изградба, а ќе биде иден административен центар на регионот Андра Прадеш кој го добил името по истоимената античка престолнина која е од големо значење за целата земја.

2
Градот е сместен на брегот на реката Кришна и ќе завзема површина од 217 квадратни километри, Скопје на пример завзема 337 квадратни километри. Планот е Амаравати да стане еден од најодржливите градови на светот, а судејќи според неговиот урбанистички план извесно е дека тоа и ќе се оствари.

1
Амаравати со голем дел излегува на реката Кришна, а целиот град ќе биде испресечен со вештачки езера. Според планот на Фостер преку 60 проценти од центарот на градот ќе биде прекриен со зелени и водени површини. Граѓаните ќе бидат охрабрени да поминуваат што повеќе време на отворено, а ќе се сообраќаат воглавном со точак, водено такси и електричен автомобил. Сите ове сообраќајни сретства ќе имаат свои наменски рути.

3
„Конечниот проект за градот ги комбинира резултатите на нашето долгогодишно истражување на самоодржливите градови со нивните технолошки достигнувања кои во моментов се развиваат во Индија“, изјави директорот на бирото, Норман Фостер.
Во градот ќе доминира импресивен комплекс на државни установи со 13 плоштади кои претставуваат 13 индијски региони. Комплексот ќе биде долг 5.5 километри и ќе опфаќа три големи булевари опкружени со дрва и езера. Зелената оаза во центарот на градот осмислена е по примерот на Централ Парк во Њујорк. Во самиот центар на оваа оаза ќе се најде главната атракција на градот – Собранието.

4

Необичната зграда на Собранието, опкружена со езера, со изгледот потсеќа на архитектура од SF филомовите. Нејзиниот конусен кров ќе биде висок 250 метри, а големата настрешница прави голема сенка и и овозможува на зградата да дише.

5
Институцијата ќе биде отворена за сите граѓани, ќе содржи голем влезен хол, просторија на собранието, државна комора, сала за седници и голема галерија од која ќе можат да се гледаат дебатите.

6
Покрај Собранието, големо внимание привлече и проектот за заградата на Врховниот суд, која стилски потсеќа на античка индијска архитектура. Висечкиот кров на овој објект исто така пружа сенка и природна вентилација. По рабовите на државните комплекси поставени се административни згради и пониски судови со Палатата на правдата во средина.

7
Како што пишува Dezeen, Амаравати не е единствениот зелен град кој е во моментов во изградба. На слични проекти се работи во Норвешка и Саудиска Арабија.

Испрати коментар

Scroll To Top