Насловна / Вести / Во иднина мобилните телефони ќе може да се полнат и преку билките?!

Во иднина мобилните телефони ќе може да се полнат и преку билките?!

Bilki polnaci na baterii1

Изгледа дека во блиска иднина наместо преку приклучница за електрична енергија, нашите мобилни телефони, таблети или лаптопи ќе може да се полнат преку собните цвеќиња и растенија. Инженерите од Чиле развиле USB полнач кој собира енергија од земјата и ја претвора во електрична енергија за полнење на уредите, пишува британскиот “Daily Mail”. Една билка може отприлика за 90 минути да наполни смартфон.

Bilki polnaci na baterii
Овој пронајдок го носи името E-Kaia, а творци се Evelin Aravena, Kamila Rupcić и Karolina Guerero. Горенаведената тројка ја развила оваа технологија уште во 2009 година кога биле студенти на Duoc UC  Valparaíso и National University Andrés Bello. E- Kaia се базира на процесот на фотосинтеза со која билките ја претвораат светлината во хемиска енергија. Микроорганизмите околу коренот потоа создаваат енергија за раст на билката, но некои електрони се ослободуваат при тој процес. E-Kaia содржи електроди кои ги зафаќаат овие електрони од земјата и овозможува генерирање на слаб електричен тек.

Технологијата не влијае врз развојот на билките, а може да генерира струја со напон од 5 V, што е доволно за полнење на уредите.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top