Насловна / Вести / Во хрватско село изграден мост точно според нацрт на Да Винчи

Во хрватско село изграден мост точно според нацрт на Да Винчи

Иван Муховец, дипломиран градежен инженер од Галовец, Хрватска, инспириран од изумите на Леонардо да Винчи, одлучил да скицира самоносечки мост кој пред многу векови бил претставен од страна на славниот научник.vincekov most_1

Цртеж по цртеж, наскоро настанала и макета. „Колку и да е на прв поглед едноставен, овој мост за анализа е многу сложен. А делува како греда – без никакви странични сили кои ќе го потпираат“, вели авторот.vincekov most_4

Идејата за локација за поставување на овој мост дошла спонтано, т.е. водена од намерата да се обнови една стара воденица во неговото место. Затоа мостот е изграден точно покрај воденицата. Долг е седум метри, а самата изведба е дело на студентот по градежништво Јосип Похулек. Изградбата траела само неколку денови.vincekov most_2

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top