Насловна / Вести / Во Хрватска започнува сертифицирање на одржливоста на зградите по германски модел

Во Хрватска започнува сертифицирање на одржливоста на зградите по германски модел

Хрватскиот совет за зелена градба, потпиша договор со Германското друштво за одржлив развој, за користење на DGNB (Deutsche Gesellschaft für Nachhaltiges Bauen) системот за сертифицирање на одржливоста на зградите. Меѓународниот систем DGNB претставува водечки светски знак за квалитет за одржлива градба, ускладен со вредностите за декарбонизација и ефикасна заштита од климатски промени.

dgnb1

До денес повеќе од 8200 јавни и приватни згради во 27 земји на светот, имаат добиено DGNB сертификат. Во Хрватска, вкупно се сертифицирани девет згради според критериумот на одржливост, а првиот DGNB сертификат ќе го добие деловната зграда Matrix C во Загреб. Зградите со DGNB сертификат, трошат помалку ресурси во текот на изградбата, a при рушење материјалите можат да се рециклираат, генерирајќи на тој начин помалку отпад.

dgnb2

dgnb3

Испрати коментар

Scroll To Top