Проектот “Buy Smart+” веќе се спроведува во Хрватска, во рамките на програмата „Интелигентна енергија за Европа“, а со цел промоција, развој и имплементација на инструментите за „зелени“ набавки во јавните и приватни установи на Европската Унија. „Зелената набавка“ е процес во кој врз основа на одредени критериуми се бираат производи и услуги, кои имаат намалено влијание врз животната средина во текот на својот животен циклус.
Во исто време, овие производи и услуги треба да имаат еднаква или подобра функционалност во споредба со другите конкурентни производи или услуги. На овој начин можно е да се оствари сериозна заштеда на суровини и енергија, да се намали отпадот, и да се поттикнат одржливи модели на однесување во општеството.