Насловна / Вести / Во Хрватска одржан референдум против изградба на термоцентралата „Пломин Ц“

Во Хрватска одржан референдум против изградба на термоцентралата „Пломин Ц“

referendum-o-TE-Plomin-C

Во неделата, 94% од гласачите, односно жителите на пет општини од Истарската жупанија, беа против изградбата на новата термоцентрала „Пломин Ц“, чија проектирана инсталирана моќност е 500 MW. Оваа централа ќе користи увозен јаглен кој ќе се транспортира со бродови до Истра, по истиот принцип како што функционира постоечката централа Пломин.

referendum_PLOMIN_oglas
На овој начин, овој регион ќе добие уште еден сериозен загадувач, сметаат граѓаните, иако надлежните уверуваат дека централата ќе работи според најновите стандарди од областа на заштитата на животната средина, односно усвоените ЕУ директиви од оваа област.

Termocentrala Plomin Istra
Референдумот се случува по успешно спроведената слична иницијатива во Плоче на 25 јануари оваа година, каде исто така над 90% од граѓаните се изјаснија против предложената централа на јаглен во близина на тој град.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top