Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност веќе објави втор Јавен повик за кофинансирање на енергетски ефикасни апарати за домаќинство од енергетската класа А+++. Интересот кај граѓаните е огромен.
Кофинансирањето се реализира со доставување на документацијата до Фондот, најдоцна 15 дена по купувањето на апаратот. Веќе во првите неколку часа од спроведувањето на програмата купени се над 5.000 апарати за домаќинство, и тоа главно машини за перење.
Право на користење на субвенциите има секој полнолетен граѓанин. Вредноста на субвенцијата е 800 куни, односно околу 5.000 денари.