Dragon’s Link е нов мост кој ќе го поврза градот со историскиот споменик Taи Там Дам, кој во февруари ќе наполни 100 години.
Архитектонското биро M CO Design го потпишува проектот на новиот мост во јужниот дел на Хонг Конг, со што треба да се растерети постоечката сообраќајница која води до популарно излетничко место, но, исто така, и да се обезбеди нова инфраструктура за овој дел од градот.
Инспирацијата за мостот е втемелена длабоко во традицијата на народот што живее тука, како и во топологијата на ридестиот терен кој е пресечен со големи водни површини.
Мостот Dragon’s Link изгледа како голема змејова опашка која се надвиснува над реката. Мостот нема да биде резервиран само за моторни возила, но ќе го користат и пешаци и велосипедисти. Всушност, содржината на мостот е дизајнирана токму оваа група на намерници да бидат поттикнати колку што е можно најмногу да го користат, пишува ArchDaily.
Предвидени се видиковци со прекрасен изглед, места за одмор за пешаци, павилјони за посетители…