Две соларни велосипедски патеки со површина од по 1000 квадратни метри се поставени во Холандија. Компанијата Colas Group и градежната фирма BAM Royal Group, ги поставиле овие патеки во провинциите Северна Холандија и Северен Брабант. Тие с епоставени после пет години истражувања, кои Colas Group ги спровела во соработка со Францускиот национален институт за соларна енергија.
Станува збор за соларни патни површини, односно еден вид на соларен панел со дебелина од само неколку милиметри. Соларните ќелии се обложени со повеќеслојна подлога составена од смола и полимер. Доволно се транспарентни за да ја пропуштаат сончевата светлина, и доволно отпорни да го издржат велосипедскиот сообраќај. Оваа иновација е наречена Wattway. Површините на овие соларни панели не се мазни. Направени се така да овозможуваат иста текстура како и конвенционалните материјали за патиштата. Иновативните соларни патеки се залепени врз веќе постоечките велосипедски патеки.