Насловна / Градежништво / Во Холандија пуштена во употреба првата велосипедска патека од соларни панели

Во Холандија пуштена во употреба првата велосипедска патека од соларни панели

Pre-fabricated-concrete-slabs2-700x400
Овој проект под името SolaRoad  е изведен од соларни плочи кои покрај тоа што генерираат струја имаат уште една функција – доволно се јаки за да може да се вози велосипед по нив. Со 18 милиони велосипеди и 35 илјади километри велосипедски аптеки, Холандија е најгостопримливата земја за љубителите на велосипеди. Меѓутоа, земјата на лалињата и ветерниците, постојано работи на полето на нови иновации и обезбедување подбри услови за нејзините жители.

1bc511eb1

Tака, на почетокот на ноември, оваа година е пуштена во употреба првата велосипедска патека која е направена од соларни панели. Проектот SolaRoad е на лабораториски испитувaња уште од 2009 година во холандскиот институт TNO.

solaroad-6

Научниците осмислија плочи со димензии 2,5 x 3,5 метри кои се изработени во комбинација од бетон и кристални соларни ќелии, кои се наоѓаат под стаклениот слој од еден сантиметар. Преку стаклото се нанесува завршница, заедно со нагибот на плочата, така што дождовницата и нечистотиите лесно би слизнале од површината, со што би се обезбедила максимална ефикасност на соларните ќелии.

solaroad222

До 2016 година, оваа велосипедска патека ќе биде продолжена уште 100 метри, што ќе создаде доволно енергија за три семејни куќи во соседството. Потенцијалот на SolaRoad  е навистина голем. Се смета дека овој систем би можел да биде применет на 20% од патиштата во Холандија. Ако петтина од овие 140.000 километри патна должина се претвори во соларни панели, тоа би бил голем енергетски плус за оваа земја.

The-team-says-that-the-top-layer-is-translucent-so-as-to-allow-the-sunlight-through

Испрати коментар

Scroll To Top