Еден од најголемите светски ветропаркови на море, со 150 ветротурбини, пуштен е во работа во Северното Море на околу 85 км од северниот брег на Холандија.
Ветропаркот би требало да задоволи енергетски потреби на 1,5 милиони жители односно 785.000 домаќинства со полн капацитет од 600 Мв. Проектот е вреден 2,8 милијарди евра и осмислен во 2010 година.
Во проектот, освен две холандски компании, учествуваа и канадска компанија како и германската „Сименс“.