Мултинационалната нафтена и гасна компанија Royal Dutch Shell и холандската гасна компанија Gasunie планираат да изградат голема фабрика за производство на зелен водород на северот на Холандија, со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид во земјата за околу седум магатони годишно. Целта на фабриката е до 2030 година да достигне годишно производство од 800,000 тони водород. Фабриката би користела енергија од ветерен парк лоциран на Северното море. Оваа години компаниите ќе започнат со подготовка на потребната проектна документација, а повикуваат во овој проект да им се придружат и други индустриски и енергетски партнери.
Сепак нивните планови се сеуште во почетна фаза и во добар дел ќе зависат од владините дозволи , изградбата на новите ветерни паркови во Северното море и достапноста на холандските европски субвенции за зелена енергија.