Како резултат на исклучително поволната хидрологија, како и подготвеноста на електромашинската опрема во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, веќе е реалзиран годишниот план за производство на електрична енергија.
Во двете електрани за пет месеци произведени се вкупно 364 милиони киловат часови електрична енергија, што значи 100% исполнување на усвоениот електроенергетски биланс за годинава. Притоа, во акумулација ХЕ „Шпиље“ има резерва за производство на 42 милиони киловат часови додека во акумулацијата ХЕ „Глобочица“ со Охридско Езеро 75 за милиони киловат часови електрична енергија.
Како резултат на позитивните показатели се очекува годинава ХЕС „Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија.