Насловна / Архитектура / Во Хелсинки ќе се гради Музеј за архитектура и дизајн

Во Хелсинки ќе се гради Музеј за архитектура и дизајн

Финската влада ќе ја финансира изградбата на Музејот за архитектура во главниот град на земјата, како дел од пакетот за реконструкција на земјата по пандемијата на коронавирус.

За изградба на Музејот за архитектура и дизајн во јужниот дел на пристаништето во Хелсинки, издвоени се 60 милиони евра како дел од дополнителниот буџет на владата од 1,3 милијарди евра за да и помогне на земјата да се опорави од коронавирусот.

Helsinki

“Ова е значајна одлука државата да застане толку силно зад реализацијата на новиот музеј за архитектура и дизајн“, велат Рета Хајсканан, директор на Музејот на финска архитектура и Јука Саволаинен, директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.

Директорите на Музејот за финска архитектура и дизајн во Хелсинки се надеваат дека Музејот за архитектура и дизајн ќе го искористи инвестицискиот интензитет благодарение на што во градот последните години градеа неколку важни културни проекти.

“Сега е време, Финска неодамна доживеа музејски бум. Исто така, новата централна библиотека на Хелсинки Ооди е многу добро примена“, велат Хајкананен и Саволаинен за Dezeen.

Иако светот доживува глобална пандемија, Хајканан и Саволаинен веруваат дека е вистинско време да се формира нова културна институција.

“Суштината на новиот музеј е да го направи дизајнот размислување достапен за секого“, рекоа тие и додаваат дека глобалните проблеми во денешното општество бараат нови типови решенија. Цврсто веруваме дека новиот музеј може да не поттикне сите нас активно да учествуваме во нови решенија за иднината.

Во моментов, овие два музеја се наоѓаат во две згради од 19 век кои стојат еден до друг во градското подрачје Каартинкапупунки. Новиот музеј за архитектура и дизајн ќе се наоѓа неколку блокови подалеку од јужното пристаниште.

Иако точната локација за новата зграда сè уште не е утврдена, областа за која се дискутира ја вклучува локацијата на предложениот музеј Гугенхајм Хелсинки, чија изградба е стопирана во 2016 година, откако финската влада одби да го финансира.

Новиот музеј треба да се отвори во 2025 година.

Испрати коментар

Scroll To Top