Насловна / Вести / Во гробница во Амфиполис пронајдени пет костури

Во гробница во Амфиполис пронајдени пет костури

amfipolis

Во импозантната гробница што беше откриена во 2012 година во Амфиполис, на северот на Грција, археолозите ископале неколку костури.

„Откриени се најмалку пет костури. На една жена стара околу 60 години, на двајца млади мажи и едно бебе“, се наведува во соопштението на грчкото Министерство за култура, додавајќи дека четирите костури биле закопани, а еден е изгорен.

Гробницата во Амфиполис, која се наоѓа на околу 100 километри од Солун, опкружена е со мермерен ѕид со пречник од 500 метри и висок 30 метри.

Ова наоѓалиште им било познато на археолозите уште од 1960 година, но самата гробница почнале да ја ископуваат дури во 2012 година. Во меѓувреме, истражувачите стигнале речиси до самиот нејзин центар, кој го чуваат две импозантни скулптури на свинги и повеќе од два метри високи каријатиди.

Анализите на околу 550 коски откриени во оваа гробница, која датира од времето на Александар Велики (356-323 п.н.е.) не им помогнаа на истражувачите да го откријат идентитетот на лицата што се погребени.

Пронајден е само еден череп во „доста добра состојба“, кој ѝ припаѓал на шеесетгодишна жена, висока 1,57 м.amfipolis

Костурите на двајцата мажи, стари од 35 до 45 години, високи 1,68 и 1,63 м, исто така се реконструирани. На едниот од нив се гледаат траги на повреди предизвикани од сечило.

Другите два костури им припаѓаат на новороденчето и најверојатно на возрасното лице, чии коски, судејќи по сè, биле изгорени.

Преземени се и други анализи за да се утврди со што се хранеле овие современици на Александар и дали боледувале од нешто.

Тестовите на ДНК на трите костури – другите два се недоволно комплетни за ваква анализа, би требало да покажат дали лицата погребени во гробницата биле во сродство.

„Распоредот на пронајдените коски укажува дека биле преместувани“, се истакнува во соопштението на Министерството, потврдувајќи ја хипотезата дека гробницата била осквернувана.

Археолозите и понатаму шпекулираат за тоа кој е погребен таму. Гробницата би можела да биде почивалиште на жената на Александар, Роксана, неговата мајка Олимпија или на некој од неговите генерали.

Испрати коментар

Scroll To Top