Во Грција е стартувана изградбата на една од најголемите фотонапонски постројки во Европа. Компанијата Ameresco Sunel Energy, која е избрана за изведувач, објавила дека електраната со максимална моќност од 560MW, ќе биде пуштена во работа за една и пол до две години. Локацијата ја зафаќа областа Лариса во административниот регион Централна Грција како и областа Фтиотиди во Тесалија.
Проектот се состои од јужен сегмент – кластер со моќност од 400MW, и северен сегмент со преостанатата моќност. Ќе се простира на вкупно 2.800 хектари и ќе се состои од вкупно 970.000 фотонапонски модули. Сопственик на постројката е Lightsource bp. Ова е мешовитa компанија во која удел има нафтениот гигант BP. Очекуваното годишно производство е 900 GWh.