Насловна / Архитектура / Во главниот град на Камбоџа наскоро почнува изградбата на највисоките кули-близначки на светот

Во главниот град на Камбоџа наскоро почнува изградбата на највисоките кули-близначки на светот

kuli-bliznacki-pnom-pen-rend

Кинески компании во камбоџанскиот град  Пном Пен планираат да ги изградат највисоките на светот кули-близначки. Ќе имаат 133 ката, и височина од 506 метри, што е за 108 метри повеќе од моменталниот рекордер кулите-близначки во Куала Лумпур (Petronas Twins Towers). Истовремено, кулите ќе бидат за дури 372 метри повисоки од моментално највисоката зграда во Пном Пен.

kuli-bliznacki-pnom-pen-rend1

Цената на оваа инвестиција е 2,7 милијарди долари, а изградбата треба да трае пет години. Кулите ќе бидат изградени во близина на реката Меконг, а ќе вклучуваат луксузен хотел, апартмани, канцелариски и продажен простор, како и изложбен простор, театар и ресторани.

kuli-bliznacki-pnom-pen

Сепак, неизвено е каква иднина ги очекува облакодерите во Пном Пен. Локалните медиуми пишуваат дека во моментот највисоката зграда која била завршена во 2014 година, досега има 70% непродадени капацитети. Освен тоа, вториот голем проект Gold Tower 42, чија изградба е почната во 2008 г., се очекува да биде завршен до 2018 година.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top