Насловна / Вести / Во Германија само 1% од отпадот завршува на депониите, во Македонија 100%

Во Германија само 1% од отпадот завршува на депониите, во Македонија 100%

Hierarhija na gjubre

Според податоците на Еуростат, највеќе отпад по жител во рамките на ЕУ, се генерира во Данска, а најмалку во Романија. Шампион во Унијата според рециклирањето и компостирањето е Германија, каде само 1% од отпадот завршува на депониите. Слична ситуација е карактеристична и за Белгија, Данска, Холандија и Шведска. За разлика од овие земји, во Македонија и во останатите земји од регионот кои се стремат за членство во ЕУ, ситуацијата е повеќе од разочарувачка.

aluminium-chain

Така на пример во Србија и Црна Гора само 1% од отпадот се рециклира а дури 99% завршува на депонија, додека во Македонија и  БиХ, 100% од отпадот оди на депонии. Генерално, во ЕУ уделот на отпад кој се рециклира или компостира бележи постојан раст, односно од 17% во 1995 година, достигнува 44% во 2014 година.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top